Очевидно е дека Македонија нема изградено никаква спортска политика. Нема сериозно финансирање, или ако има тогаш тоа е погрешно насочено.
Под државна спортска политика се мисли на план според кој, на пример, за 5-10 години македонија би учествувала на светско-европско првенство-олимпијада во некој спорт и би имала реални шанси да добие медал. Целта секако е подигањето на националната свест и гордост но и индиректно добивање на афирмација во странство, реклама на нашата држава, лобирање…
Ќе се обидам да дадам свое мислење за тоа кој спорт да се избере и како да се оствари еден таков проект.
Фудбалот е без дискусија нај популарниот спорт во Македонија но треба да признаеме дека ниту сме некаква светска сила во него, ниту пак е веројатно дека еден ден ќе станеме таква. Ако се погледнат статистиките за земјите учеснички на досегашните светски и европски првенства ќе се види дека има корелација помеѓу фудбалскиот успех на една држава и нејзината популација. Демек, колку е поголема една држава толку е поверојатно таа да учествува во светско или европско првенство. Се разбира дека има исклучоци како и секое друго статистичко правило но лично јас не сум оптимист во нашите идни фудбалски успеси.
Истото во помала мера важи и за кошарката и другите тимски спортови. Ракометот, спорт во кој сметаме дека имаме најголем успех, доживува спад во популарноста а сепак реално никогаш и не сме биле светска сила во него.
Ватерполо тимот доживува значителен успех и се гледа дека ватерполо федерацијата изградила некаква политика за дејствување но неможам да се согласам дека е на правиот пат. Да се купи цела екипа на второкласни ватерполисти, такви што неможат да влезат во екипите на државите од екс ју просторите, не прави автоматски послаби од тие држави. Какви се изгледите на ватерполото во Македонија за 5-10-20 години? Ќе продолжат да регрутираат странски натпреварувачи? Каква гордост има во тоа? Се согласувам дека со овој моментален успех ќе заинтересираат неколку деца повеќе да почнат со ватерполо но нема да се создаде доволно голема маса за да станеме компетитивни.
Тогаш што? Да се форсираат индивидуалните спортови? Не. Индивидуалните спортови сепак се доживуваат како индивидуални успеси (освен ако не се создаде хегемонија во некој спорт).
Треба да се избере тимски спорт кој или е прилично популарен во светот или учествува на манифестации гледани во цел свет, т.е. олимпијадата. Треба да се најде спорт чие финансирање би било евтино бидејќи сме многу ограничени со ресурси. Тука ќе го дадам мојот предлог, кој се разбира е само еден од возможните, но за кој имам повече податоци (не сум некаков специалист, ниту сум играл, ниту има каде да играм
)
Карлинг.
Карлингот е еден од малкуто тимски спортови вклучени во зимската олимпијада. За време на олимпијадата доживува широка покриеност по сите светски телевизии и медиуми.
Позитивни особини на карлингот:
- иако е тимски спорт тимовите се составени од само 4ри играчи, кое е предност бидејќи потребната маса практикувачи за да се создаде компетитивен тим е помала.
- учествува на зимската олимпијада и во машка и во женска конкуренција.
- не е спорт за кој е потребна тотална посветеност(многу години тренинг по цели денови), лесно се учи и (мое мислење) лесно би се усовршил.
- цената на спортот. Според анализа на сп. Форбс годишната издршка на натпреварувач по карлинг е под 1000 евра. За другите спортови од зимската олимпијада издршката се движи од 5000 евра за боб до 30.000 евра за алпско скијање. Но според истата анализа за боб се потребни 10 години тренирање по 5-6 часа на ден додека за карлинг се доволни 2-3 години тренинг по 2-3 часа дневно. Што значи дека ако се почне во моментот сериозен тренинг со деца на 16-17 годишна возраст на наредната олимпијада би можеле да имаме сериозен тим. Единствено релативно скапа е првичната инвестиција. Потребни се барем 20 камени, секој од кои е околу 500 евра (но се практично вечни) плус додатната опрема. Немам точна информација колку би коштало годишното одржување на пистите но не би требало да го надвишува со многу одржувањето на едно лизгалиште (не сум од Скопје и не знам дали има затворено лизгалиште, има? )
Како да се изведе сето тоа? Ако претпоставиме дека сме осигурале опрема и писти и сме купиле тренери, ги собираме учениците од 2-3 училишта, ставаме огласи дека бараме таленти во боулинг клубот (мислам дека имаат сличност) и после 2-3 месеца избираме 20тина деца на кои им даваме стипендии за да тренираат. Стипендиите се реално потребни за мотивација и сериозност. За ученици и стипендија од 50-100 евра е сериозна и доволна за да се мотивираат.
Не можам да дадам точна преценка колку би коштал еден таков проект но предпоставувам сума од околу 100.000 евра годишно за рок од 4-5 години. Се разбира за дел од сумава ќе има и спонзорста, пистите би можеле да се самоиздржуваат…
Да не потенцирам колку мал дел е ова од цената на некои незначајни споменици кои ниту имаат потенцијал да ни донесат туристи ниту било какви бенефиции.
Со сигурност ќе се најдат и спонзори да покријат извесен дел од сумата (сигурен сум дека и Канада и канадската амбасада би финансирале со нешто) а пистата при добар маркетинг би можела и да се самоиздржува. Да не забораваме дека еден таков проект скоро сигурно (ако се изведе добро) би не поставил на светската маса на еден олимписки спорт и има потенцијал за многукратно индиректно враќање на инвестицијата и при евентуален успех би накарал една цела држава да се чуствува горда!
Сметам дека еден таков проект треба да се направи, без разлика кој спорт би се избрал (сепак некој што е евтин, во кој за брзо време би можеле да се постигнат резултати, да биде гледан во светски рамки макар и еднаш во 4ри години)
edit: много е “тежок” изгледот за читање но ке се обидам да го украсам некако. Нов сум со овие работи.